Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОНТРОЛИРАНО ИСКЛУЧУВАЊЕ НА РЕАКТОРОТ ВО ЗАПОРОЖЈЕ Е НАЈБЕЗБЕДНА ОПЦИЈА: САД повика на демилитаризација во областа

КОНТРОЛИРАНО ИСКЛУЧУВАЊЕ НА РЕАКТОРОТ ВО ЗАПОРОЖЈЕ Е НАЈБЕЗБЕДНА ОПЦИЈА: САД повика на демилитаризација во областа

Русија треба да се согласи на создавање на демилитаризирана зона околу украинската нуклеарна централа Запорожје, која е на првата линија на актуелната војна, соопшти денеска Белата куќа. 

Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, изјави за новинарите дека администрацијата на претседателот Џо Бајден ја поддржува посетата на Меѓународната агенција за атомска енергија на оваа нуклеарна централа на реката Дњепар. Кирби додаде дека контролираното исклучување на реакторот во електраната е најбезбедната опција.

Украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека мисијата на Меѓународната агенција за атомска енергија МААЕ тргна од Виена кон украинската нуклеарна централа Запорожје и во текот на денот ќе пристигне во Киев.

ФОТО: EPA

Слично

Поврзани вести