Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОНТРОЛА НА СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ: 400 потенцијални џихадисти на мета на швајцарските власти

КОНТРОЛА НА СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ: 400 потенцијални џихадисти на мета на швајцарските власти

Швајцарските власти ги следат активностите на околу 400 потенцијални џихадисти на социјалните мрежи, кои би можеле да претставуваат закана, соопшти тамошната разузнавачка агенција НДБ.

„Швајцарија не е примарна цел на исламските напади, бидејќи не е дел од кампањата која се води против групацијата како што е Исламска држава, но и покрај тоа нивото на безбедност е зголемено“, се наведува во годшиниот извештај на Федералната служба за истраги“, пренесе Ројтерс.

Во извештајот е прикажана и фотографија, на која покрај швајцарскиот пасош се наоѓа експлозивен појас, а која на интернет ја поставил еден осомничен швајцарски џихадист кој претходно престојувал на Блискиот исток.

Тој поставил и видео снимка на Исламска држава, во кое швајцарското знаме е меѓу 60 држави кои се означени како цели на исламистите.

„Во Швајцарија треба да се очекуваат напади на „осамените волци“ или мали групи кои ќе биде извршени со едноставни средства, мали подготовки и минимални логистички напори“, се наведува во извештајот на разузнавачката агенција.

Слично

Поврзани вести