КОНТРАЦЕПЦИЈА ЗА МАЖИ, нов метод кој ветува многу
Како за жени така и за мажи. Нови капсули кои претставуваат контрацепција за мажи. Една капсула на ден безбедно ги намалува репродуктивните хормони кај мажите. Истражувањето било спроведено во Чикаго.
По третман од само еден месец, овој нов прототип на капсули наречен Dimethandrolone Undecanoate или DMAU, го намалува нивото на хормоните потребни за создавање на сперматозоидите, вклучувајќи го и тестостеронот.
„Научниците работат на развивање на контрацепцијата за мажи веќе со децении“ - вели Моника Ларонда, специјалист ендокринолог за репродуктивно здравје.
Според истражувањето мажите се навистина заинтересирани за овој вид на контрацепција.
Бидејќи тестостеронот не останува многу долго во крвта, со само една доза е помалку веројатно дека контрацепцијата ќе биде ефективна. Покрај тоа, големо количество на овој хормон може да го оштети црниот дроб. Оваа контрацепција, која станува активна компонента во вашето тело е дизајнирана за да се избегнат ваквите проблеми.
Во истражувањето биле тестирани различни дози на DMAU контрацептивните капсули. Кај оние мажи кои зеле најголема доза од по една капсула дневно во текот на 28 дена, дошло до спречување на создавањето на сперматозоиди.
Како несакани ефекти кај мажите корисници на овие капсули се појавиле зголемување на телесната тежина и осцилации во нивото на холестеролот. Намалувањето на тестостеронот во телото може да доведе и до намалено либидо, но на овој ефект се пожалиле мал број на мажи кои ги користеле овие пилули. Крвната слика на истите, не покажала дека контрацепцијата има влијание врз црниот дроб.
Истражувачите наскоро ќе спроведат тримесечна клиничка студија за да го тестираат количеството на сперматозоиди кај мажите кои ќе бидат вклучени во истражувањето. Ако тие резултати се покажат како добри, контрацепцијата ќе биде тестирана на партнери, за да се докаже нејзиното дејство. На тој начин ќе се спречат многу несакани бремености.
