Контра план за Кипар, ќе има ли чаре за излез од пат позицијата?
Очекувано, првичниот план за Кипар со кој се оданочуваат сите штедачи наиде на гнев кај населението на земјата која е пред финасиски колапс. Според ова решение некои сметаат дека се изедначуваат руските богаташи и перачи на пари со обичните луѓе кои својата заштеда ја чуваат во некоја од кипарските банки. Лондонските весници излегоа со соопштение дека Британците имаат 1,7 милијарди евра на Кипар и дека истите ќе претрпат загуби до 170 милиони евра. Некои медиуми ова го нарекуваат класичен грабеж.
И навистина, досега ниту едно решение не било на ваков начин поставено, директно да бидат погодени штедачите во банките. Со ова во основа и тие сносат дел од одоговорноста затоа што би требало да знаат во какви банки биле чувани нивните пари. Пред неколку часа се шпекулира дека нов предог е на маса и дека товарот ќе падне на оние кои имаат многу пари. Предлогот е дека штедачите кои имаат над 500.000 евра во депозити ќе доживеат кратење од 15%, додека оние кои имаат помалку те од 100-500.000 евра ќе имаат данок од 10%. Штедачите кои имаат до 20.000 евра нема да се даночат, а оние кои имаат до 100.000 евра ќе плаќаат 3%. На овој начин се очекува да се дојде до потребниот износ од пет милијарди евра. Од Европа стигнуваат позитивни сигнали дека ваквото решение може да пројде бидејќи нив ги интересира како ќе дојдат до потребни 5-6 милијарди евра, а не на кој начин. Секако најголем удар ќе доживеат побогатите, и тоа исклучително висок. Веројатно ќе зажалат за денот кога решиле парите да ги чуваат во оваа островска земја. Станува јасно дека целта е да не се предизвика револт кој може да прерасне во отварање на пандорината кутија. Малата економија има енормно голем банкарски сектор кој е поголем скоро 9 пари од годишниот БДП на земјата, кој пак изнесува околу 22 милијарди долари. Како што пишувавме претходно, Газпром дал понуда да ескплатација на гас во замена за помош која треба да ја добие Кипар. Тука веќе во игра влегуваат и глобалните интереси и оваа понуда беше (барем засега) одбиена. До пред некое време никој не очекуваше дека оваа мала земја ќе ги запре берзите, но се чини дека и во наредните денови, Кипар ќе биде главна вест на економските портали.
Слично
