Континуирано паѓа проджбата на камиони
Петнасетти месец по ред продажбата на нови камиони и автобуси во земјите од ЕУ оди надолу, па така во март таа е за 9.8 проценти послаба од истиот период во минатата година. Овие резултати денеска ги објави Здружението на производителите на автомобили во Европа.
Во третиот месец од годината се купени 166.402 возила во овие класи, а од големите пазари само во Велика Британија има раст на побарувачката со 7.7 проценти. За периодот јануари-март трансакциите со камиони и автобуси се за 11 отсто послаби од истиот период во 2012-та година. Во првиот квартал продадени се вкупно 401.838 возила и само во Велика Британија побарувачката има позитивни резултати.
Продажбата на товарни возила со вкупна тежина над 3.5 тони во март месец забележа пад од 18.8 проценти. Од почетокот на годината трансакциите се намалиле за 16.8 отсто.
Кај автобусите со вкупна маса до 3.5 тони продажбата забележа пад од 7.8 проценти во март месец или речиси 10 проценти од почетокот на година.
Камионите од најтешката гама (над 16 тони) исто така имаа пад во продажбата, па во месец март бројката изнесуваше 18.3 проценти помалку во третиот месец од годината или 16.7 проценти во првиот квартал.
Слично
