Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОНТЕ СО УШТЕ ПОРИГОРОЗНИ МЕРКИ: Италија затвора се, освен маркети и аптеки!

КОНТЕ СО УШТЕ ПОРИГОРОЗНИ МЕРКИ: Италија затвора се, освен маркети и аптеки!

Од доцна синоќа Италија воведе нови мерки поради состојбата со коронавирусот. Уште подраконски и поригорозни. 

Лично пред нацијата ги образложи премиерот Џузепе Конте на најпогодената европска земја со вирусот кој предизвика пандемија. Ограниченото движење на населението донесе извесни подобрувања како и намалените активности на сите услужни дејности но тоа не било доволно.

Се затвораат сите продавници, освен аптеките и маркетите со храна.

-Ги затвораме продавниците, кафичите, пабовите и рестораните. Доставата на храна дома е дозволена-рече Конте во обраќањето. Мерките ќе важат 15 дена.

Остануваат активни фабриките и индустриските погони но со стриктно почитување на санитарните прописи во процесот на производство. Останува активен и јавниот сообраќај.

Италија останува „заштитена зона“, но блокирана. премиерот исто така апелирал населението да не прави залихи бидејќи храна ќе има во доволни количини, а исто така и лекови.

Ефектите, подвлече Конте, можеме да ги видиме само за неколку недели, мораме за сега да ги промениме своите секојдневни навики за наскоро да ја видиме здравата иднина.

Од последица на коронавирусот во Италија досега смртно настрадаа 827 лица, а заразени се повеќе од 12 000.


*

Од коронавирусот на удар приватните компании, во предизборие малку може да им се помогне

*

СЗО прогласи пандемија на коронавирус

Слично

Поврзани вести