Конкуренцијата расте, најголемите светски пиварници во поход кон Азија
Данскиот производител на пиво Карлсберг денеска ја објави понудата за делумно преземање на кинеската пиварница „Chongqing Brewery Company“, во вредност од 2,65 милијарди дански круни (461.49 милиони долари). Ако оваа понуда биде прифатена, Карлсберг ќе воспостави контрола над кинеската пиварница, а можно е да откупи до 60 отсто од акциите на компанијата.
Вториот најголем акционер во кинеската пивара е „Chongqing Beer Co“ се обврза да ги продаде своите акции , се вели во соопштението на Карлсберг.
„Нашиот бизнис во Азија е многу важен за нашата долгорочна стратегија за развој и ние сме среќни што сега можеме да направиме важен чекор кон Кина", стои во соопштението на извршниот директор на Карлсберг, Јорген Бухл Расмусен.
Карлсберг го наследи уделот во пиварницата „Chongqing“ при преземањето на британската пивара „Scottish and Newcastle“ в0 2010 година стана најголемиот акционер во кинеската компанија со учество од 29,7 отсто.
Инаку Азија стана главна арена за конкурентската битка на најголемите пивари во светот. Во овој регион Карлсберг во 2011 година оствари 18 отсто од вкупниот обем на продажба во 2011 година.
Слично
