КОНГРЕС ЗА ИСТОРИЈА: Афроамериканци – претставници на републиканците и на државите од југот!
Првата жена-афроамериканка од редовите на републиканците во американскиот Конгрес е 38-годишната Мија Лав, која беше беше избрана на вчерашните меѓуизбори во САД.
По потекло од Хаити, Лав е поранешна градоначалничка на местото Саратог Спрингс во Јута и започнува ново поглавје во историјата на Републиканската партија.
На вчерашните избори, место во Конгресот доби и Тим Скот - првиот сенатор афроамериканец кој доаѓа од југот на САД од 19-от век и ослободувањето на црнечкото население од ропство.
Скот беше избран за претставник на Јужна Каролина. Овој 49-годишник доаѓа на местото на долгогодишниот сенатор од оваа држава Стром Термонд.
Републиканците на изборите освоија најмалку седум места во Сенатот кои досега ги држеа демократите, додека демократите не успеаја да освојат ниту едно место што досега им припаѓало на републиканците.
УДАР ЗА ОБАМА: Пораз во Конгресот – доказ дека расположението на јавноста се менува
Слично
