Конфликтот САД-Русија се префрла во вселената?
Русија може да им забрани на САД да ја користат Меѓународната вселенска станица, како одговор на американските санкции кон Москва, предупреди рускиот заменик-премиер Дмитри Рогозин.
Рогозин најавил повеќе казнени противмерки кон САД, вклучувајќи и оневозможување да се користи Меѓународната вселенска станица по 2020 година, но и прекин во испорачувањето на руските ракетни мотори за лансирање на американските воени сателити.
Русија и САД досега тесно соработуваа во истражувањето на Вселената. Заеднички ја користеа Меѓународната вселенска станица, но до неа може да се стигне само со руски вселенски брод Сојуз.
САД сакаат да ја користат станицата, која чини 100 милијарди долари, барем до крајот на 2024 година, што е четири години повеќе од рокот со договорот што сега го имаат двете земји. Но, Рогозин предупредува оти заострените односи меѓу Вашингтон и Москва нема да дозволат вакво продолжување на договорот.
„Русија може да ја користи станицата и без САД, но Американците не можат без нас“, рекол Рогозин.
Слично
