Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОНФЛИКТ ВО ДОРТМУНД ПОРАДИ БАНАЛНА ПРИЧИНА: Тројца се избодени со нож

КОНФЛИКТ ВО ДОРТМУНД ПОРАДИ БАНАЛНА ПРИЧИНА: Тројца се избодени со нож

Тројца избодени со нож има на фестивал во Дортмунд, а конфликтот вчера ескалирал поради божиќна песна. 

На божиќниот пазар во Дортмунд изби тепачка со ножеви откако две групи луѓе се скарале поради божиќна песна. Како што објави германски Билд, се работи за песната „Oh Du Fröhliche“. 

„Полицијата проверила неколку лица, но никој не е уапсен. Полицијата го одзела оружјето употребено во нападот, на повредените им била укажана итна помош, а двајца се пренесени во болница“, информираше локалната полиција.

Повредите не биле опасни по живот, а еден од двајцата мажи е задржан во текот на ноќта во болница на набљудување.

Инаку, повеќе европски земји по повод Божик и опасноста од терористички напади, ја засилија безбедноста. 

Слично

Поврзани вести