Економија, финансии, бизнис

Контакт

Конфликт меѓу полицијата и студенти: Иранската телевизија објави дека безбедносните сили напаѓале домови и пукале со оружје (ВИДЕО)

Конфликт меѓу полицијата и студенти: Иранската телевизија објави дека безбедносните сили напаѓале домови и пукале со оружје (ВИДЕО)

Иранската полиција во неделата се судри со студенти на еден од најпрестижните универзитети во земјата, објавија социјалните и државните медиуми.

Извештаите велат дека голем број студенти на Универзитетот Шариф во Техеран биле заробени на паркингот во кампусот, објави Би-Би-Си.

На едно видео објавено на социјалните мрежи, студентите се гледаат како бегаат од безбедносните сили во кампусот на Универзитетот Шариф, додека во далечината се слушаат звуци кои потсетуваат на истрели.


На друго видео, безбедносните сили на мотори се чини дека пукаат во автомобил со патник кој го снима видеото.

Телевизискиот канал „Иран интернешенел“ објави дека безбедносните сили нападнале студентски домови и отвориле оган.

Неделата беше првиот ден од терминот за многу студенти кои првпат се запишаа на Универзитетот Шариф.

Извештаите велат дека голем број луѓе се собрале пред главната капија на кампусот доцна вечерта откако слушнале за судирите.


Би-Би-Си вели дека не е во можност да потврди што всушност се случило на универзитетот.

Претходните две вечери ескалираа антивладините протести во Техеран и низ многу други градови низ земјата, и покрај зголемениот број на жртви.

Антивладините протести избувнаа во Иран во септември по смртта на жената која беше приведена од полицијата за морал.

Махса Амини (22) падна во кома неколку часа откако беше уапсена од полицијата за морал поради наводно кршење на правилата за носење хиџаб.

Протестите започнаа по нејзиниот погреб, се проширија низ целата земја и станаа најголемите немири видени во земјата во последните години, јавува Би-Би-Си


Фото и Видео: Твитер

Слично

Поврзани вести