Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОНЕЧНО ЗНАЕМЕ КОЈ МАСАКРИРАШЕ ВО БУЧА: Заврши истрагата на NY Times

КОНЕЧНО ЗНАЕМЕ КОЈ МАСАКРИРАШЕ ВО БУЧА: Заврши истрагата на NY Times

Кога во април се појавија видеа и фотографии на кои се гледаат телата на десетици цивили како лежат на улиците на украинскиот град Буча, целиот свет беше шокиран од сцените на насилство. Освен Русија, која имаше поинаква приказна, негираше одговорност и снимката ја нарече намерна провокација.

„Њујорк тајмс“ по осуммесечна истрага заклучи дека масакрот во улицата Јаблунска го извршиле падобранци од 234-от воздушно-десантен пешадиски полк предводен од потполковник Артјом Городилов. Доказите сугерираат дека убиствата биле дел од намерниот и систематски напор да се обезбеди пат до главниот град Киев.

Патот на смртта

Војниците испрашуваа и егзекутираа невооружени мажи способни да се борат и ги убиваа оние што случајно им се нашле на патот - без разлика дали се тоа деца кои бегаат со своите семејства, селани во потрага по намирници или луѓе кои едноставно се враќале дома со своите велосипеди.

Новинарите на Тајмс поминаа неколку месеци во Буча по повлекувањето на руските сили; разговараа со жителите, собраа снимки од надзорните камери и истражуваа документи што им ги презентираше украинската влада. Потоа ги анализирале материјалите и го реконструирале местото на убиството на улицата Јаблунска.

Некои од најсилните докази кои ја вклучуваат 234-тата единица вклучуваат телефонски записи и декодирани пораки што ги користеле командантите на руските радио канали. Сè укажува на безмилосна и крвава кампања што ја претвори мирната улица во предградиетп, како што сега жителите ја нарекуваат, „пат на смртта“.


Слично

Поврзани вести