Економија, финансии, бизнис

Контакт

Конечно се огласија од АстраЗенека: Бројот на реакциите од вакцината не е поголем од природниот број

Конечно се огласија од АстраЗенека: Бројот на реакциите од вакцината не е поголем од природниот број

Седиштето на Астра Зенека издаде соопштение за безбедноста на вакцината, откако поголем број на европски земји ја стопираа имунизацијата со дозите од овој производител

„Анализата на нашите безбедносни податоци засновани на повеќе од 17 милиони дози вакцина Оксфорд-АстраЗенека КОВИД-19 не покажа зголемен ризик од белодробен тромбоемболизам, длабока венска тромбоза или тромбоцитопенија. Всушност, пријавениот број на вакви настани за вакцината Оксфорд-АстраЗенека КОВИД-19 не е поголем од бројот што природно би се појавил кај невакцинирана популација“, соопшти компанијата.

Во соопштението исто така се вели дека немало трендови или случаи на белодробен тромбоемболизам, длабока венска тромбоза или настани во клиничките испитувања кои можат да бидат поврзани со тромбоцитопенија.

Внимателниот преглед на сите достапни безбедносни податоци, вклучително и овие настани, продолжува и AstraZeneca е посветена на споделување на овие информации веднаш, соопшти компанијата.

„Исто така, забележуваме дека Европската агенција за лекови побара проценка на настаните поврзани со тромбоцитопенија од други производители на вакцини против КОВИД-19 (според комуникација од 11 март)“, гласи соопштението на Астра Зенека.


Слично

Поврзани вести