КОНЕЧНО ПОМИРУВАЊЕ: Русија и Украина договорија прекин на тензиите?
Рускиот претседател Владимир Путин и новоизбраниот украински претседател Петро Порошенко заеднички се заложија за прекин на крвопролевањето во југоисточна Украина.
Првата средба и ракување на двајцата по изборот н аПорошенко на претседателската функција се случи откако светските лидери, собрани по повод одбележувањето на 70-годишнината од Денот Д во Нормандија, позираа за заедничка фотографија.
Во краткиот разговор Путин и Порошенко се согласиле дека што поскоро мора да запрат борбените активности и крвопролевањето во Украина. Покрај тоа, тие потврдиле дека не постои алтернатива за мирното политичко решение за судирот.
Веќе утре новоизбраниот шеф на украинската држава Порошенко треба и официјално да ја преземе претседателската функција - за утре е закажана неговата инаугурација.
Средбата на Путин и Порошенко на брегот на Нормандија, која ја „намести“ домаќинот, францускиот претседател Франсоа Оланд се смета за добар знак пред инаугурацијата.
На маргините на големото одбележување на десантот во Нормандија, Путин кратко се сретна и со американскиот претседател Барак Обама. Според информациите, тие разговарале 15-тина минути.
Ова е прва средба на Обама и Путин од почетокот на кризата во Украина.
http://faktor.mk/archives/109506