КОНЕЧНО ОТКРИЕНО КАКО РУСКИ АГЕНТИ ГО СПАСИЛЕ АСАД ОД СМРТ ВО ПОСЛЕДЕН МОМЕНТ: Во критичен период бил убеден да бега
Во неделата сирискиот диктатор Башар ал Асад побегна од бунтовниците со авион во Москва, а сега во јавноста протече приказната за неговото бегство.
Додека неговите војници се повлекуваа и се облекоа во цивилна облека, судбината на Ал Асад беше во рацете на руските агенти. Владимир Путин реши да го спаси својот сојузник кога одлучи дека не може ништо повеќе да направи за да го поддржи режимот на Асад.
Во критичен момент Русија успеа да го убеди Асад дека ќе ја загуби борбата против вооружените групи, предводени од поранешниот огранок на Ал Каеда (ХТС) и му понуди нему и на неговото семејство безбеден премин доколку веднаш ја напушти Сирија.
Руските разузнавачи потоа организираа бегство и го извлекоа Асад преку нивната воздушна база во Сирија. Според упатени во Кремљ, транспондерот на авионот бил исклучен за да се избегне следење.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, не одговори веднаш на барањето за коментар, а Путин исто така сè уште не го коментираше падот на режимот на Асад. Според упатените, тој се уште се обидува да открие зошто руските разузнавачи не успеале навреме да ја забележат растечката закана за владеењето на Асад.
„Ова беше контрола на штетата. Многу е логично што Русите му рекоа на Асад да се откаже затоа што сакаа да избегне крвопролевање во кое ќе ја доживее истата судбина како Гадафи или Садам Хусеин, кои беа обесени во 2006 година“, рече Руслан Пухов, шеф на московската организација - Центар за анализа на стратегии и технологии за одбрана и безбедност.
Руските власти беа изненадени од брзината на пресвртот во Сирија, иако се обидуваат да остават впечаток на ладнокрвност. Тие се плашат и за иднината на нивните две клучни воени бази во Сирија - пристаништето во Тартус и аеродромот во Хмеимим.
Руските државни медиуми инсистираат дека Асад е виновен за поразот, дека Москва го одржала зборот со тоа што не се откажува од него и дека сега треба да се фокусира на одржување на своите стратешки интереси во Сирија и поширокиот Блиски Исток.
Русија првично ги бомбардираше опозициските сили во обид да ги потисне, но бидејќи сириската армија пружи мал отпор додека бунтовниците го зазедоа градот Хама неколку дена по заземањето на Алепо, Кремљ заклучи дека не може да го заштити режимот кога бунтовниците го нападнаа стратешкиот град Хомс, изјави еден од изворите за Блумберг.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров разговараше за сириската криза со своите ирански и турски колеги во Доха еден ден пред да побегне Асад. Иран, како и Русија, беше близок сојузник на Асад и двете земји се одбранија во 2015 година, кога Путин испрати руски војници во Сирија за да му помогне на Асад да ги потисне бунтовниците што го опколија Дамаск. Турција, пак, ги поддржа бунтовниците кои конечно успеаја да го соборат долгогодишниот сириски диктатор, поради што многу аналитичари наведуваат дека оваа земја е можеби најголемиот добитник на ваквиот развој на ситуацијата.
Н1.рс