Конечно крај на војната? Договорен прекин на огнот!
Представници на Украина и проруските активисти потпишаа протокол со кој се воспоставува прекин на огнот. Денеска утрово беа обновени судирите во Марипољ, градот на истокот од Украина.
„Нашата артилерија стигна и е распоредена против (проруските) активисти“; изјави градоначалникот на Марипољ Јуриј Котлубеј за украинскиот ТВ канал 122.
Командантот на украинската доброволна милица со седиште во Марипољ рекол за Ројтерс дека неговите припадници биле под артилериски оган цела ноќ, но дека уште ги држат проруските активисти во заливот. И француската новинска агенција АФП јавува дека во предградието на Марипољ се слушале жестоки артилериски пукања.
Агенцијата Интерфакс јавува дека во Марипољ влегле првите групи на проруските борци во ппридружба на оклопни возила и диверзанти. Уште нема официјалкна потврда за овие вести од проруската команда, а Киев демантира губење на положбата.
Во бомбардирањето на Доњецк минатата ноќ загинаа пет цивили, а девет се повредени, јавува РИА Новости, известувајќи и дека се продолжени борбите околу стратешки важниот град на брегот на Азовското море во Доњецката област на истокот од Украина.
Слично
