Економија, финансии, бизнис

Контакт

Конечно Едвард Сноуден може да го напушти московскиот аеродром

Конечно Едвард Сноуден може да го напушти московскиот аеродром

Едвард Сноуден поранешниот соработник на ЦИА кој објави доверливи информации на американската агенција за безбедност, го добил документот со кој се дозволува тој да ја напушти транзитната зона на московскиот аеродром Шереметјево, каде се наоѓа повеќе од еден месец, соопшти одделот за имиграција на Русија.

„Господинот Сноуден го прими документот, а барањето за азил се уште е во процедура. Тоа значи дека Сноуден може да го напушти аеродромот кога сака“, стои во соопштението на полицијата.

Сноуден беше заглавен на аеродромот по пристигнувањето од Хонг Конг, поради тоа што американските власти му го поништија пасошот.

Соединетите американски држави бараат екстрадиција на 29 годишниот хакер кој е обвинет за шпионажа и објавување на доверливи информации.

Сноуден побара привремен азил во Русија откако претседателот Владимир Путин го услови да престане со објавувањето на нови информации кои им наштетуваат на Соединетите американски држави.

Венецуела, Боливија, Никарагва, се некои од земјите кои исто така изјавија дека би го одобриле неговото барање за азил, но ниедна од дестинациите не е достапна преку директен лет од московскиот аеродром.

Слично

Поврзани вести