Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОНЕЧНА ПРЕСМЕТКА СО МАФИЈАТА: Уапсени 200 криминалци од најбруталниот италијански клан!

КОНЕЧНА ПРЕСМЕТКА СО МАФИЈАТА: Уапсени 200 криминалци од најбруталниот италијански клан!

Околу 200 припадници на еден од најпознатите мафијашки кланови се уапсени во заедничка акција на полицијата на Италија и Германија.

Како што наведува воената полиција уапсени се членови на криминална група Ндрангета, чие седиште е во регионот Калабрија.

Акцијата ја спровеле заедно со германската полиција, бидејќи семејствата Фарао и Маинкола, кои ја предводат таа група, работат во двете земји, во сектори кои се занимаваат со производство на вино, храна, собирање отпад и погребални услуги.

Меѓу уапсените има и претставници кои се сомничат за корупција, но не е наведено дали тие се од Италија или од Германија.

Во текот на акцијата е одземен имот во вредност од 50 милиони евра, а детали од акцијата ќе има денес.

Слично

Поврзани вести