Конашенков тврди дека убиле стотици странски платеници во Украина
Русија тврди дека со ракети убиле стотици странски платеници штом дошле во Украина. Генерал-мајорот Игор Конашенков, портпаролот на руското Министерство за одбрана вели дека нивната војска убила стотици странски платеници во Украина со прецизно оружје со долг дострел.
Вели дека поради ниското ниво на обученост и недостигот на вистинско борбено искуство повеќето платеници настрадале во борба. Тој кажа и дека командантите на украинските единици не ги штедат платениците.
„За сузбивање на загубите од страна на режимот во Киев и немањето посмртни остатоци, роднините на платениците во нивните земји едноставно не знаат за нивната смрт“, кажа рускиот генерал.Според „Јутарњи лист“, хрватскиот државјанин кој се борел во Украина неодамна бил ранет во битка на бојното поле и се очекува да се врати во Хрватска.
foto EPA/EFE
Слично
