Коњското месо, кое предизвика скандал во Велика Британија, потекнувало од Романија
Коњското месо, за кое беше утврдено дека било користено наместо говедско во замрзнати лазањи потекнува од романски производител, изјави претседателот на француската компанија „Комижел“, која ги произведува лазањите во една од фабриките во Луксембург.
Според истрагата на компанијата „Комижел“, која првично за одговорен го сметаше својот француски доставувач, месото потекнува од Романија.
Ова откритие предизвика скандал во Велика Британија, каде коњите се мошне почитувани животни, а јадењето коњско месо е табу. Замрзнатите лазањи по овој скандал беа повлечени од пазарот.
Слично
