Економија, финансии, бизнис

Контакт

Коњско месо се повлекува од Холандија

Коњско месо се повлекува од Холандија

Холандските власти повлекoa 50 илјади тони месо, кое се продавало како говедско во Европа, но за кое има сомнеж дека содржи коњско месо, бидејќи не може да се утврди неговото точно потекло.

Како што соопшти холандската агенција за безбедност на храната, околу 370 компании во Европа и над 130 во Холандија се погодени од повлекувањето, бидејќи купувале месо од две холандски компании.

„Безбедноста на месото не може да се гарантира, бидејќи не може да се утврди неговото вистинско потекло“, истакнуваат од Агенцијата од каде посочуваат дека засега нема конкретни податоци дека постои опасност за јавното здравје.

Слично

Поврзани вести