Коњско месо и во рестораните на „Тако Бел“
Британската Агенција храна„FSA“ соопшти дека говедските производи во рестораните за брза храна „Taco Bell“ содржат и коњско месо, а ваквото известување за прв пат од избивањето на скандалот во јануари, покажува дека проблем има и со месото во рестораните.
Агенцијата соопшти дека во последните седум дена биле тестирани 1797 мостри, од кои 99 % биле негативни во однос на присуството на коњско месо. Сепак во 4 случаи тестот бил позитивен. Станува збор за производите готова храна „Birds Eye“ и „Brakes Skewers“, кои биле повлечени од продажба.
Тако Бел пак е во сопственост на американска компанија „Yum Brands Inc“ и во Обединетото Кралство има три ресторани за брза храна.
„Некои примероци од говедско месо, кои се донесени преку нашите европски снабдувачи беа позитивни за коњско месо", се вели во соопштението на Тако Бел во Велика Британија.
„Тие производи веднаш се повлечени од понудата во рестораните, запрено е снабдување на овој вид на месо по известувањето на FSA", се додава во соопштението.
Слично
