Коњско месо и во чешка салама во Британија
Според лабораториските тестови на британскиот ланец маркети „Теско“ откриено е коњско месо во саламите од чешко производство. Од компанијата вината ја префрлаат на страната на добавувачот на месо, кое пристигнувало од Италија.
Скандалот со недекларирано коњско месо наместо говедско, се појави во јануари во Ирска и Велика Британија, а се прошири и во други земји, вклучувајќи ја и Чешка. Производите се безбедни за употреба, но недостигот на декларација во која стои дека производот содржи коњско месо се смета за измама.
Слично
