КОН КИЕВ СЕ ДВИЖИ РУСКИ КОНВОЈ ДОЛГ 64 КИЛОМЕТРИ: Еве што покажуваат сателитски снимки
Снимката од Maxar, американска сателитска компанија, исто така покажува нови војници и борбени хеликоптери стационирани во Белорусија во близина на границата со Украина. Руски конвој долг 64 километри се движи кон Киев
Во понеделникот американската сателитска компанија Maxar објави дека руски воен конвој долг 27 километри се движи кон Киев, кој сѐ уште е под контрола на украинската влада.
Сепак, последните извештаи велат дека конвојот е долг повеќе од 64 километри. Снимката од споменатиот Maxar покажува и дека нови војници и борбени хеликоптери се стационирани во Белорусија во близина на границата со Украина.
69/ New satellite imagery shows that the Russian convoy heading toward Kyiv (ref. tweets 60, 62 and 64) is actually 40 miles long, stretching from Prybirsk to Antonov Airport.
— Evan Hill (@evanhill) March 1, 2022
Some homes near Ivankiv along the convoy route are shown burning.
@Maxar pic.twitter.com/3tpZlgHsr7
На улиците на Киев, знаците кои вообичаено се користат за предупредување за сообраќајот покажуваа тпораки: „Путин ја загуби војната. Целиот свет е со Украина“.
Борби се водеа и околу пристанишниот град Мариупол, соопштија официјални лица, а руските сили окупираа два мали града околу нуклеарната централа во југоисточна Украина, пренесе новинската агенција Интерфакс.
Преговорите меѓу двете завојувани страни се водеа на границата со силниот руски сојузник Белорусија - лансирната рампа за инвазијата на руските трупи. Украина соопшти дека сака да обезбеди итен прекин на огнот и повлекување на руските сили. Кремљ одби да ги коментира своите цели.
Состанокот заврши со враќање на официјални лица во главните градови на дополнителни консултации пред вториот круг разговори, изјави за новинарите советникот на украинскиот претседател Михаил Подољак.
извор/фото: 24 сата.хр/Принтскрин
