Комунист стана градоначалник на Тунџели
Влезот во неговото поранешно седиште, во градското собрание на локалната заедница Оваџик во внатрешноста на Анадолија го краси портретот на Карл Маркс. Во последниве месеци, беше додадено огромен знаме, со детали за сите приходи и трошоци на оваа мала регионална општина во источна Турција.
Во мандатот на локалниот комунистички градоначалник Фатих Мехмет Мацоглу, буџетот отсекогаш бил во суфицит, главно благодарение на руралните задруги што ги изградил на државно земјиште, создавајќи, меѓу другото, 250 нови работни места од речиси 3.000 жители.
Целосно органски и најатрактивни, производите - од таканаречениот "комунистички мед" до мешунки, компири и млечни производи - брзо се продаваат на пазарот. Неговите задруги отворија продавници во различни турски градови, но исто така и го остварија првиот извоз надвор од Турција.
Профитот не беше распределен во приватни џебови туку во касата на Оваџик за повластени надоместоци за сиромашните граѓани, земјоделски субвенции за набавка на семиња и горива, студентски стипендии, бесплатно патување, општински библиотеки...
Тој е припадник на заедницата Заза, поранешен здравствен работник, активист и член на Турската комунистичка партија (ТКП).
Првото политичко поглавје за него беше отворено во 2014 година со неговиот избор во регионалната општина. Следното беше напишан на локалните избори во неделата, со историската победа на прв комунистички градоначалник во регионот Тунџели, под кој припаѓа Оваџик.
Тој победи со 32,77 отсто од гласовите, оред ХДП (28,21%), ЦХП (20,59 отсто) и владејачката исламско-конзервативна АКП (14,06 отсто).
"Ќе го прошириме продуктивниот и административниот модел што го започнавме во Оваџик", рече Мацоглу, ветувајќи дека неговата врата во Градското собрание Тунџели секогаш ќе биде отворена за сите.
"Ќе покажеме низ целата земја дека социјалистичкиот модел е изводлив", изјави тој за турскиот левичарски весник SoL.
Навистина, комунистичкиот градоначалникважи за симбол на добро владеење во Турција, е забележано во една неодамнешна статија во „Њујоркер“ на наградуваниот авганистанско-американски новинар Фариба Нава, кој минатата година патуваше во Оваџик за да се сретне со него.
"Во Турција, комунистите се маргинална група", напиша тој во април минатата година, „и изборот на Мацуглу во Оваџик покажа дека АКП има намера да го толерира комунистичкиот политичар бидејќи не претставува закана ".
