Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОМПРОМИСНО РЕШЕНИЕ: Германците го менуваат софтверот во дизелашите

КОМПРОМИСНО РЕШЕНИЕ: Германците го менуваат софтверот во дизелашите

Кризните преговори помеѓу германските произведувачи на автомобили и политичарите се завршени со компромисно решение за намалување на емисиите на штетни гасови.

Договорена е модификација на софтверот во пет милиони дизел автомобил, со цел да се одбегне забрана на тие возила.

Германските автомобилски компании ќе инсталираат нов софтвер поради зголемување на ефикасноста на системот за пречистување на штетните гасови и намалување на нивоата на загадување од азотен - оксид за 25 до 30 отсто, соопшти германската автомобилска асоцијација VDA. 

Со тоа се согласиле германскиот Дајмлер во чија сопственост е брендот  "Mercedes benz", потоа BMW со своите брендови BMW и „мини“, „Volkswagen“ под чија контрола се  "ауди", VW и „порше“, како и Опел, кој сега е во раце на PSA  групата.

Автомобилските компании исто така, се согласиле да дадат финансиски допринос на фондот за „одржлива мобилност“, кој би требало да им помогне на германските градови во намалување на загадувањето на воздухот.

Слично

Поврзани вести