Економија, финансии, бизнис

Контакт

Kомпјутер кој се управува само со очи?

Kомпјутер кој се управува само со очи?
Технологиите кои го следат движењето на очите , се развиваат подолго време - а најактивно тоа се прави при различни нови софтверски производи. Досега сепак таквата технологија не се развива масовно . Технолошка компанија Tobii Technologies е на пат да го промени тоа. Таа има развиено систем кој овозможува целосна контрола врз лаптопот само преку очите на корисникот. Tobii се занимава со развој на сличен производ од 2001 година. Првичните обиди биле доста контрадикторни, а најголем проблем бил како да се ограничат брзите движењата на очите на корисниците. Засега компанијата тврди дека е надминато ова ограничување и дека значително напреднала во развој на идејата за контрола ма компјутерот преку очи. „Ова е првото вистинско чувство за управување од далечина , првиот систем за следење на погледот, кој овозможува движења " , коментира Џон Елвесо , основач на Tobii . Иновацијата е клучна за развојот на многу пазари , особено што се однесува до луѓето во нерамноправна положба , кои не можат да ги користат нивните раце . Сега тие ќе имаат пристап до компјутер на еден многу поефикасен начин, објаснува тој . Масовната употреба на технологијата на Tobii се очекува да биде кај компјутерите . Целта е да се овозможи сурфање на интернет само со поглед - на пример ако се движите горе-долу по дадена страница и погледот ви биде привлечен , системот ќе престане да се движи и ќе ви даде време да го прочитате текстот или да направите нешто. Од компанијата уверуваат дека технологијата наскоро ќе стане достапна за сите заинтересирани корисници.
Слично

Поврзани вести