Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОМПЕНЗАЦИЈА ОД 20 МИЛИОНИ ДОЛАРИ: Турција и Израел ги нормализираат односите

КОМПЕНЗАЦИЈА ОД 20 МИЛИОНИ ДОЛАРИ: Турција и Израел ги нормализираат односите

Парламентот на Турција го ратификуваше договорот за нормализирање на односите со Израел, пренесе агенцијата Анадолија.

Договорено е во рок од 25 дена од влегувањето во сила на договорот Израел да и плати на Турција 20 милиони долари за инцидентот со бродот "Мави Мармара" во 2010 година, кога израелски специјални сили го нападнаа хуманитарниот брод, кој се обиде да ја пробие блокадата на секторот Газа .

Загинаа 9 лица, меѓу нив и турски државјани, и уште седум беа повредени. По иннцидентот Анкара ги прекине врските со Тел Авив и го намали нивото на дипломатските односи со еврејската држава. За нивното регенерирање Турција постави серија услови.

Договорот става крај на шестгодишниот јаз во односите меѓу двете земји. Израел се согласи да плати парична компензација од 20 милиони долари, која ќе биде обезбедена на семејствата на настраданите и загинатите во инцидентот, под услов Турција да ги повлече другите правни побарувања.

Граѓани на Израел, меѓутоа, нема да бидат привлечени под кривична и материјална одговорност во врска со она што се случило. Израелскиот Кнесет веќе го ратификуваше договорот.

Слично

Поврзани вести