Економија, финансии, бизнис

Контакт

Компанијата „Ватенфал“ со план да отпушти 2.500 работници

Компанијата „Ватенфал“ со план да отпушти 2.500 работници

До 2014-та година, шведската енергетска компанија „Ватенфал“ соопшти дека планира да отпушти околу 2.500 работници, заради заштеда на 703 милиони долари, поради падот на побарувачката на електрична енергија и намалувањето на цените на тој енергенс.

Во соопштението се нагласува дека повеќето работни места ќе бидта укинати во Германија и оти околу 1.500 работници ќе бидат отпуштени во Берлин, Хамбург и Корбус. Околу 400 работни места ќе бидат укинати во Холандија, а исто толку и во Шведска.

Соопштението за отпуштање на работници го објавија директорот на „Ватенфал“ Ојстен Лосет и шефот на финансии Ингрид Боде, кои се состанаа со претставници на „Европскиот работнички совет“ на оваа компанија.

Слично

Поврзани вести