Компанијата Sharp ќе отпушта работници
Околу 5000 работници ќе отпушти компанијата „Sharp“ во склоп со планот за реструктуирање. Во рок од три години се очекува бројот на вработени да биде драстично намален, а во моментов на платниот список на компанијата се наоѓаат 51.000 работници.
Исто така мерките за реструктуирање се однесуваат и на управата, ќе биде преполовен бројот на директори на шест луѓе, а ќе биде намален и бројот на потпретседатели и платените советници. Освен во Јапонија откази се очекуваат и во Кина и Малезија.
Фокусот на производството ќе биде префрлен на екраните на мобилните уреди, а исто така најавени се вложувања во развојот и производството на големите екрани со „UHD“ резолуција кои ќе имаат дијагонала поголема од 70 инчи.
Слично
