Економија, финансии, бизнис

Контакт

Компанија која владее со светот, а за која веројатно не сте ни чуле!

Компанија која владее со светот, а за која веројатно не сте ни чуле!
АРМ Холдинг, компанијата за мобилна технологија е создадена во 1990 година. Снабдува со електронски чипови многу големи светски компании, а многу малку луѓе слушнале за неа. АРМ Холдинг е успешна британска фирма која се занимава со производство на чипови, а нејзините вработени секој ден по доаѓањето на работа ги чека бесплатен доручек и кафе, пишува Бизнис Вик. Еве неколку информации за оваа компанија: 1. Повеќето вработени во АРМ се инжинери за електронски чипови, кои дизајнираат делови за чипови или цели чипови. 2. АРМ ги продава тие дизајни и лиценци на десетици глобално познати компании, меѓу кои и Епл, Самсунг Електроникс, Куалком и Енвидиа. 3. Како резултат на ова, речиси секој „паметен“ телефон, мобилен или таблет работи со помош на АРМ чип. 4. Слободно може да се каже дека АРМ го произведува во моментов најупотребуваниот производ во светот 5. Повеќето луѓе никогаш не слушнале за АРМ, бидејќи седиштето на таа компанија е на изолирана локација во Кембриџ, Англија. 6. Сепак, анонимноста на оваа компанија е неверојатна со оглед на тоа колку влијание има врз модерниот живот.
Слично

Поврзани вести