КОМОРА ЗА МАЧЕЊЕ ВО ПОДРУМОТ НА ДЕТСКИ САНАТОРИУМ: Се откриваат уште ужаси во Буча
Телата на пет мажи со врзани раце зад грб се пронајдени во
„комора за мачење“ во Буча, соопштија официјални лица од Канцеларијата на
јавниот обвинител на Украина.
Се наведува дека обвинителите заедно со полицајците од регионот на Киев ја пронашле „комората за мачење“ во санаториум за деца.
Фотографии од телата се објавени и на официјалната Фејсбук страница на Државното обвинителство.
– Во рамките на постапката на Киевското регионално обвинителство и околните обвинителства на Киевската област се истражуваат кривични постапки за кршење на законите и обичаите на војната. Војниците на руските вооружени сили мачеа, а потоа убиваа невооружени цивили, пишува во објавата.
Слично
