Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од серија до реална фотелја: Комичарот Зеленски е нов претседател на Украина

Од серија до реална фотелја: Комичарот Зеленски е нов претседател на Украина

Актерот и комичар Володимир Зеленски е нов претседател на Украина. Тој победи во вториот круг на изборите, а неговиот противкандидат Петро Порошенко веќе му ја честиташе победата и го призна поразот.

Според обработените резултати, дури 72,05 проценти од гласачите, дале глас за  Зеленски, додека Порошенко имал 25,62 отсто од гласовите. Инаку, излезноста на гласачите во вториот круг од претседателските избори во Украина бил над 62 отсто.

Зеленски во своето обраќање пред јавноста изјави дека ќе донесе нови луѓе во политичката сцена во Украина. Посебен акцент при своето обраќање даде на тоа дека ќе се залага за ослободување на сите затвореници кои се затворени во Русија за воени злосторства.

Инаку Володимир Зеленски ќе биде шести по ред претседател на Украина од нејзиното осамостојување од СССР. 

41-годишниот Зеленски е популарен по неговата улога во сатиричната драма наречена „Слуга на народот“ во кој неговиот лик случајно станува украински претседател.

Неговата политичка партија го носи истото име како и во серијата.


Foto: EPA/Youtube
Слично

Поврзани вести