Комичарка го обезглави Трамп, тој и одговори дека е болна
Комичарката Кети Грифин објави видео на социјалните мрежи на кои се гледа како во раката држи крвава глава која потсетува на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој рече дека ова не е слобода на говорот ниту пак е дел од прифатливите норми за хуморот. Особено болно е за неговиот 11 годишен син Барон.
Постапката на Грифин наиде на жестоки критики бидејќи комичарката претерала со постапката, а таа потоа реши да му се извини на претседателот Трамп и на американската јавност.
Досега комичарите во Холивуд и водителите на лејт најт шоуата во САД воопшто не го штедеа Доналд Трамп и постојано го исмеаваа за неговите гафови и постапки, но никој не отиде до тој степен да прикаже отсекување на неговата глава.
Слично
