Кометата мириса – знаете на што?
Европската вселенска сонда Розета, која го пренесе роботот Филе до кометата 67П „Чурјумов-Герасименко“ откри некои хемиски состојки на кометата, кои на Земјата би ширеле исклучителни непријатен мирис, соопшти Европската вселенска агенција (ЕСА).
Инструментите на Розета открија дека кометата поседува молекули на амонијак, метан, водород-сулфат, водород-цијанид и формалдехид. „Ако сакате да мириснете комета, ќе се разочарате, бидејќи таа мириса на расипани јајца, урина, евтин алкохол и бајат бадем“, се наведува во соопштението на ЕСА. Европската агенција ја лансираше Розета во мисија за 2 март 2004 година, а леталото стигна до кометата десет години подоцна, во август годинава и во нејзината орбита влезе на 10 септември. Вчера Розета на кометата го пушти роботот Филе, кој веќе започна да ги испраќа првите фотографии од површината. Мисијата е историска и научниците се надеваат дека ќе помогне да се дознаат повеќе детали за потеклото и еволуцијата на небеските тела. Филе ќе продолжи да патува со кометата и да испраќа податоци.
Слично
