Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОМАНДУВАШЕ СО ИНВАЗИЈАТА ВО УКРAИНА: Почина руски генерал

КОМАНДУВАШЕ СО ИНВАЗИЈАТА ВО УКРAИНА: Почина руски генерал

Почина рускиот генерал Генади Жидко. 

Руските медиуми јавуваат за смртта на поранешниот командант на Источниот воен округ и бивши заменик министер за одбрана на Руската Федерација, генерал-полковник Генади Жидко.

Од мај до јули 2022 година, Жидко командуваше со група на вооружените сили на Руската Федерација во Украина. Жидко, наводно, починал во Москва по долго боледување. Во 2016 година Житко командуваше со силите на руската армија во Сирија. Две години подоцна, тој стана командант на Источниот воен округ на вооружените сили на Руската Федерација. Од ноември 2021 година до јули 2022 година, Житко беше заменик министер за одбрана – началник на главниот воено-политички оддел на руската армија.

На почетокот на јуни 2023 година, беше објавено дека тој е назначен за командант на сите руски воени сили во Украина, заменувајќи го генералот Дворников на таа позиција.

Досега неколку руски генерали загинаа во Украина, а руски бизнисмени кои ја критикуваа војната во Украина починаа под сомнителни околности.

И за еден од најозлогласените руски команданти, потполковник Дмитри Лисицки имаше повеќе верзии за тоа како починал. 

Слично

Поврзани вести