КОМАНДАНТОТ НА АЗОВ ИЗВЕДЕН ОД ЧЕЛИЧАРНИЦАТА СО ПОСЕБНО ОКЛОПНО ВОЗИЛО - Русија тврди дека се предале последните припадници на украинските сили
Руското Министерство за одбрана синоќа соопшти дека министерот Сергеј Шојгу го информирал рускиот претседател Владимир Путин за „целосно ослободување на Мариупол од украинските милитанти“.
Подземните објекти на фабриката се под контрола на руски војници, изјави рускиот министер за одбрана Шојгу. Меѓу нив е и командантот на украинскиот полк од Азов, Денис Прокопенко, напиша руското министерство на Телеграм.
„Таканаречениот „командант“ на нацистите Азов, поради омразата на жителите на Мариупол и желбата на граѓаните да го казнат за бројни злосторства, бил изнесен од челичарницата со специјален блиндиран автомобил“, напиша руското Министерство.
Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков изјави дека од 16 мај до сега 2.439 припадници на полкот „Азов“ и други украински сили, кои беа блокирани на територијата на фабриката Азовстал, го положиле оружјето и се предале.
Последните припадници на украинските сили се предадоа денеска, изјави тој вчера.
Фото: Руско министерство за одбрана, Тањуг
