Колумбиската наркобанда убила двајца џихадисти во Париз кога упаднале во локалот
Тројца членови на колумбиски наркокартел, кои биле во кафулето во Париз за време на терористичките напади на 13-ти ноември, ги спасиле посетителите од терористите кои влегле во локалот со автомати, објавија неколку колумбиски медиуми, повикувајќи се на информации од новинар од „Европа 1“.
Мафијашите се држеле повеќе од херојски и по навика, и кога виделе во кафулето луѓе со автомати, едноставно извадиле пиштол и ги застрелале не очекувајќи дека се луѓе на „Исламска држава“.
Така тие спасиле од смрт десетици посетители на кафулето, кои се наоѓале таму во судбоносната вечер. Некои сајтови дури и објавија фотографии на нарко-ликовите. Тие сепак се ставени во меѓународната потерница и откако француската полиција пристигнала на местото веднаш ги уапсила.
Според коментарите, се очекува тие да бидат предадени на колумбиските власти, кои ги бараат во врска со организирање на илегални канали за производство и продажба на дрога.
Приказната беше демантирана од друг колумбиски портал- „Pulzo“, според истрагата на кој навистина тројца колумбиски наркодилери биле уапсени во Франција, но тие не се преземале никакви херојски акции против терористите.
