Колумбија ќе го добие првото кафуле „Старбакс“
Колумбија, земјата од каде познатиот ланец на кафулиња „Старбакс“ увезува кафе веќе четири децении, ќе го добие првиот локал од овој познат бренд. Имено, „Cтарбакс“ планира да отвори кафуле во 2014 година, во кое ќе се нуди исклучиво кафе одгледано во Колумбија.
Компанијата планира да отвори речиси 50 кафулиња во колумбиските градови во следните пет години, почнувајќи од Богота.
Во меѓувреме, пак, локалните земјоделци кои одгледуваат кафе, протестираа со барање Владата да им обезбеди повеќе помош, за да можат да се справат со ниските цени на светскиот пазар и евтиниот увоз.
Слично
