Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колумбија ќе ги чува американските деца

Колумбија ќе ги чува американските деца

Најголемата колумбиска компанија, специјализирана за производство на заштитни елеци, отсега ќе произведува заштитна облека за американските ученици. Имено, компанијата на Мигел Кабалеро добила огромен број нарачки од САД по масовното убиство во Њутаун, каде беа застрелани 20 деца и шест наставници.

Фабриката во која работат 250-те работници е специјализирана за производство на заштитни елеци за деца, заштитна долна облека и ранци отпорни на куршуми. Сето ова е наменето за деца на возраст меѓу осум и 16 години.

Цената на овие производи се движи од 150 до 600 долари, во зависност од тоа каква технологија е употребената во нив.

Слично

Поврзани вести