Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку животи однесе топлотниот бран во Европа?

Колку животи однесе топлотниот бран во Европа?

Топлотниот бран „коси“ во Европа. 

Најмалку 12.000 дополнителни смртни случаи се регистрирани во девет европски земји за време на силниот топлотен бран што го погоди континентот кон крајот на јуни, според прелиминарните податоци од националните статистички служби и анализата на агенцијата АФП.

Најтешко погодени беа Белгија, Франција, Германија, Луксембург, Холандија, Шпанија и Швајцарија, додека проценките од Британската метеоролошка служба покажаа дека околу 2.200 дополнителни смртни случаи поврзани со топлина се регистрирани во Англија и Велс помеѓу 18 и 28 јуни.

Најголем број жртви е регистриран кај постарите лица, особено кај оние над 85 години, а некои земји пријавија драматично зголемување на смртноста.

Германија регистрираше околу 5.780 дополнителни смртни случаи во текот на најкритичниот период, Франција повеќе од 2.000, додека Белгија регистрираше 1.747 дополнителни смртни случаи, вклучувајќи дури 750 за само два дена.

Научниците предупредуваат дека ваквите екстремни топлотни бранови, кои ги соборија температурните рекорди за јуни во неколку европски земји, станаа значително поверојатни поради климатските промени, поради што очекуваат ваквите настани да станат почести и поинтензивни во наредните години.

Слично

Поврзани вести