Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку животи однесе силниот земјотрес во Мексико?

Колку животи однесе силниот земјотрес во Мексико?

Бројот на загинати во силниот земјотрес во Мексико се зголеми на 58 лица, соопшти Службата за цивилна заштита.

Властите предупредуваат дека се очекува бројот на загинатите да се зголеми.

Директорот на службата, Луис Фелипе Пуенте вели дека се потврдени 45 жртви од државата Оахака, десет во државата Чиапас и три во државата Табаско.

Повеќе од 260 силни вторични потреси се регистрирани по катастрофалниот земјотрес со интензитет од 8,2 степени.

Некои од секундарните потреси биле со јачина од 6,1 степен.

Епицентарот на земјотресот бил на 137 километри југозападно од градот Тонала во државата Чапас, на длабочина од 58 километри под површината на земјата. 

Слично

Поврзани вести