Колку жители се „заглавени“ во Северодоњецк?
Заглавени цивили има во украинскиот град Северодоњецк.
Регионалниот гувернер на Луганск, Сергеј Хајдаи вели дека од 100.000 жители, останаа околу 10.000. Додава дека украинската армија „го задржува непријателот колку што е можно“ во градот. Последниот мост што води надвор од градот беше урнат во борби на почетокот на оваа недела. Со тоа градот е отсечен.
Борбите за Северодонецк траат од почетокот на мај. По повеќе од еден месец тешки борби, руските сили го контролираат поголемиот дел од градот. Дел од украинските вооружени сили заедно со неколку стотици цивили се во подземни бункери во хемиската фабрика Азот.
фото РИА Новости
Слично
