Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку згради се урнаа од силниот мексикански земјотрес?

Колку згради се урнаа од силниот мексикански земјотрес?

Според официјалните информации, целосно уништени се 38 згради во земјотресот во Мексико од 7.1 степени. 

Покрај оние објекти каде елементот предизвикал непоправлива штета, многу други објекти се во опасност да паднат или да се урнат.  Повеќе од 3800 згради во мексиканската престолнина претрпеле штета.

Екипите на теренот продолжуваат да ги извлекуваат преживеаните од под урнатините, а денеска ќе биде петти ден од почетокот на спасувачката операција. Градската управа соопшти дека од вторникот се спасени вкупно 60 лица, пренесе АП.

Загинати се 286 луѓе, а мртви во главниот град има 148 како последица на земјотресот. Началникот на службата за цивилна заштита Луис Фелипе Пуенте објави на “Твитер” дека загинатите во државата Морелос се 71, во Пуебла 45, во сојузната држава Мексико 13, во Гереро 6 и во Оаксака 1.

Ова беше втор силен земјотрес во рок од еден месец. 

Слично

Поврзани вести