Колку земји ќе се вклучат во деблокирање на Ормутскиот теснец?
Над 20 земји планираат да се вклучат во акцијата за деблокирање на Ормутскиот теснец.
„НАТО и сојузниците, вклучувајќи ги Јужна Кореја и Јапонија, се подготвуваат за заедничка акција за ослободување на Ормутскиот теснец“, вели генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
Во интервју за Фокс њуз, Руте откри дека коалиција од 22 земји се собира од четврток. Повеќето се членки на НАТО, но тие вклучуваат и земји како Јужна Кореја, Јапонија, Австралија, Нов Зеланд, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин. Тој додаде дека тие се здружиле за да ја „спроведат визијата“ на американскиот претседател Доналд Трамп за отворен Ормутски теснец.
„Штом ќе дојде вистинското време, ќе преземеме акција“, кажа Руте.
Во посебно интервју за Си-Би-Ес, Руте објасни дека земјите учеснички интензивно работат на одговори на три клучни прашања: „Што ни треба, кога ни треба и каде ни треба?“
Неговите изјави сугерираат дека НАТО веќе координира и разменува позиции со партнерите во Европа, Азија и Блискиот Исток како одговор на повиците на САД за акција.
Иран ги блокира теснецот, затоа што САД и Израел од 28 февруари наваму вршат напади на иранска територија.
