Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОЛКУ ЗАРАБОТУВАТЕ – Плата колку шофер во Африка или колку англиската кралица?

КОЛКУ ЗАРАБОТУВАТЕ – Плата колку шофер во Африка или колку англиската кралица?
Американската телевизиска мрежа Си Ен Ен, во рамките на специјалното издание за Светскиот економски форум во Давос, на својата интернет страница изработи калкулатор на светските плати. Алатката ви овозможува да споредите колкав личен доход земате, во споредба со светскиот просек и просечната плата во земјава. Освен ова, калкулаторот ќе ја спореди вашата плата со онаа во различни професии - онаа на учител во Етиопија, чистач во Тајланд, шофер во Јужна Африка, административец во Финска, па дури и со онаа на британската кралица. Како стојат македонските плати пресметајте на следниот ЛИНК Светскиот економски форум вошвајцарското планинско село Давос завршува денеска. Околу 2.500 учесници, лидери од светската бизнис и политичка елита неколку дена дебатираа за економските и политичките проблеми што го мачат светот. Од вчерашните обраќања, во фокусот беа настапите на фронтменот на У2 Боно Вокс, британскиот премиер Тони Блер и американскиот државен секретар Џон Кери. Но внимание привлече и настапот на најбогатиот човек од Кина Ванг Јиалин, кој се налути на критиките од американските претставници во една од дебатите. „Ова е економска дебата. Не е политичка. Ова едноставно не е пристојно“, рекол Јиалин на забелешките за политичкото влијание на Кина во светот.  
Слично

Поврзани вести