Колку заработуваат шверцерите на луѓе?
Според зборовите на шефот на Европол, Роб Вајнрајт шверцот на луѓе е најбрзо растечки криминал.
Пет милијарди британски фунти изнесува годишната добивка на шверцерите на луѓе од целиот свет, пишува лондонскиот „Дејли мејл".
„Шверцерите на луѓе заработуваат најмалку по 1.000 фунти од човек, доведен нелегално во Велика Британија, а само на атлантскиот брег на Франција има најмалку 5500 Азијци и Африканци, кои сакаат да го преминат Ламанш. Само во првата половина на 2016 година во нашата база на податоци се внесени уште 7.000 лица, вмешани во оваа активност“- појаснува Вајнрајт.
Вајнрајт додава дека вкупниот број на регистрирани посредници во Европол е 57.000 лица.
Во исто време „Дејли мејл" напиша за последниот уапсен за трговија со луѓе во Франција. Станува збор за Британец од курдско потекло, кој се обидел да внесе 18 лица на Островот во минибус.
