Колку заработи Путин лани?
Кремљ и официјаллно ја објави даночната пријава на рускиот претседател Владимир Путин. Според неа, шефот на руската држава во изминатата 2013 година заработил 3.672.208 руски рубљи или околу 103.060 американски долари. Ако се подели на 12 месеци, месечната плата би била околу 8.600 долари.
Според овие податоци, годишната плата на Путин во 2013 година се намалила за 59.441 долари, во однос на претходната 2012 година, кога рускиот претседател заработи 162.519 долари.
Сепак, во податоците доставени до даночната управа за првпат не се доставени информации за приходите напоранешната сопруга на Путин, Људмила, иако тој едвај неодамна официјално се разведе од неа. Во 2012 година нејзиниот придонес во домашниот буџет беше околу 3.406 долари.
Исто така, во податоците не се споменуваат двете ѓерки на Путин 29-годишната Марија и 28-годишната Катерина, иако руските државници се обврзани да ги наведат приходите на сите членови на најтесното семејство.
Недвижниот имот регистриран на Путин минатата година се зголемил, така што според имотниот лист рускиот претседател поседува два стана - еден со површина од 77 метри квадратни и друг со површина од 153,7 метри квадратни, гаража, два постари автомобили од марката „волга“ ГАЗ М21, автомобил „нива“ и автоприколка „скиф“.
Слично
