Колку војници загуби САД во операцијата „Епски бес“?
Тројца припадници на американската војска утринава се убиени во акција како дел од операцијата „Епски бес“, а уште петмина се „сериозно ранети“, соопшти Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) на Икс.
„Неколку други претрпеа помали повреди од шрапнели и потреси на мозокот – и се во процес на враќање на должност. Главните борбени операции продолжуваат и нашите напори за одговор се во тек. Ситуацијата е флуидна, па од почит кон семејствата, ќе задржиме дополнителни информации, вклучително и идентитетите на нашите паднати војници, до 24 часа откако ќе бидат известени најблиските роднини“, велат оттаму.
Претседателот на САД Доналд Трамп предупреди во видео изјава вчера изутрината дека американските војници може да бидат убиени за време на операцијата.
„Животите на храбрите американски херои може да бидат изгубени, а може да имаме и жртви. Тоа често се случува во војна“, рече Трамп тој во видеото.
Американската војска соопшти дека погодила ирански воен брод во пристаниште во Оманскиот Залив. Централната команда (ЦЕНТКОМ) во соопштението на Икс изјави дека американските сили нападнале иранска корвета од класата „Џамаран“.
Во акцијата на САД и Израел вчера загина и ајатолахот Али Хамнеи.
