Kолку војници загуби Израел во операцијата во Газа?
Во Газа досега загинаа 51 израелски војник.
Израелската армија попладнево информираше дека уште тројца војници загинале во борбите во Појасот Газа, со што од почетокот на војната против палестинската терористичка група Хамас загинаа 51 војник.
Хамас на 7 октомври уби над 1.200 Израелци, најголем дел цивили во јужен Израел. Во Газа загинаа над 11.500 Палестинци.
Израелските тенкови во Газа влегоа на 27 октомври, како дел од копнената операција чија цел е уништување на палестинската организација Хамас.
„Израелските командоси ја пребаруваат секоја зграда и секој кат од болницата Ал Шифа во Газа, а стотици пациенти и медицински персонал остануваат во комплексот“, изјави денеска израелски воен претставник.Од Обединетите Нации велат дека во серија ракетни напади на Израел врз Газа, уништени се две училишта во централниот дел на појасот.
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска побара веднаш да се ослободат заложниците во Појасот Газа, но побара од Израел „да не биде обземен од бес“ во неговата битка со милитантите на Хамас во енклавата.
